„Александра Пријовиќ и ДНК - Дует кој никој не го очекуваше“: Ѝ Панчо не одолеа на шармот на балканската ѕвезда

Добивај вести на Viber

Српската пејачка Александра Пријовиќ одржа спектакуларен концерт во Охрид, нејзината посета во македонскиот бисер ја искористи Панчо од дуото ДНК да направи заедничка фотографија.

Иако е поборник на турбо-фолк музиката, очигледно Панчо „паднал“ на шармот на Пријовиќ па се одлучил на заедничка фотографија со неа.

„Александра Пријовиќ & ДНК? Дует кој никој не го очекуваше“, се пошегува Панчо и во објавата објасни зошто се фотографирал со балканската ѕвезда.
„Шала на страна. Причина зошто Панчо ја постираше оваа фотографија која сосема спонтано се случи при самото нејзино пристигнување на ден пред нејзиниот охридски концерт има тотално друга поента. Панчо: Пред се немаме допирни точки со нејзината музика, уште помалку и ги знам песните (ниту една), никогаш не сум и бил на настап, но во тој 2 минутен краток разговор сфатив зошто насекаде низ балканот полни сали, стадиони и зошто е толку барана и сакана од публиката. Зрачи со неверојатна енергија, и иако во моментов е толку голема во нејзината бранша, толку е приземјена, многу пријатна за разговор, и што е најважно има почит.


Го кажувам ова без никаков бенефит од истото, но воедно и испраќам апел до сите млади но и повозрасни македонски артисти да учат и земаат примери (во односот) од веќе етаблирани уметници и да сфатат дека останувањето “HUMBLE” те прави уште поголем во очите на колегите, но и кај публиката што е најважно“, напиша Панчо.

Фото: Инстаграм
РЖМ