,

Александра Танатарец: Расте атрактивноста на животното осигурување бидејќи луѓето сакаат подобра иднина за своето семејство

Добивај вести на Viber

-Животното осигурување е најценетиот облик на осигурување во развиените земји, затоа што полисата е наменета не само за корисникот, туку и за неговите најблиски. Овие искуства се пренесуваат и кај нас бидејќи со животната полиса луѓето штедат за поудобна старост или за поголема поддршка на своите деца, вели раководителката на секторот за наплата во СН Осигурителен Брокер АД Битола, Александра Танатарец, која со своето семејство е корисник на полиса за животно осигурување.

 Oсигурувањето на живототстанува се поатрактивно за македонските граѓани како финансиски инструмент преку кој истовремено обезбедуваат и осигурување и заштеда. Што покажуваат анализите на СН Осигурителен брокер?

Александра Танатарец: Пандемијата придонесе за зголемување на свеста кај луѓето за овој тип на осигурување што резултираше со зголемена побарувачка. Животното осигурување нуди заштита, сигурност и помирни денови. Тоа во овој период на сите ни е потребно. Ме радува и што постепеносенадминувапредрасудата дека животното осигурување е скапо и може да си го дозволи само одредена категорија на луѓе. Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на потребите и финансиските можности.  

  Вие и како семејство сте корисници на полиса за животно осигурување. Беше ли тешко да се избере пакет кој ќе одговори на потребите на млад брачен пар со две деца?

Александра ТанатарецСо оглед на широката палета на производи за животно осигурување понудена од осигурителните компании, навистина не е едноставно да се одлучи заваков важен долгорочен договор. Морам да признаам дека сите пакети нудат широко и богато покритие.  Бројната и квалитетна понуда беше главната причина зошто решивме полисата да ја направиме преку брокерско друштво кое практично ви помага да дојдете до најоптимален избор и во однос на потребите и во однос на цените.Целта е најважна при изборот. Полисата која ја правам за мене лично не е иста како  таа што е направена за моите деца.

 Што ве мотивираше да изберете животно осигурување кое ќе ги олесни плановите за вашата иднина и иднината на вашите деца?

Александра ТанатарецВо животот се случуваат непредвидени настани независни од нашата волја, а кои понекогаш можат да бидат и катастрофални, така што едно лице не би можело самостојно да ги поднесе, а без притоа да ја доведе во прашање егзистенцијата на своето семејство. Од тука произлегува мотивацијата за избор на соодветно осигурително покритие за мене и за моите најблиски.

Исто така, од искуство на мои блиски пријатели, можам да потврдам колку може да значи животното осигурување во одредена животна фаза. Моите пријатели имаа полиса за животно осигурување веќе 6 години, но им се случи непредвидена ситуација која што никој не ја посакува и итно им беа потребни финансиски средства. Наместо да земат кредит од банка што бара подготовка на многу документација и плаќање на камати, тие ја искористија можноста за позајмицаод осигурителната компанија каде имаат животно осигурување.

  Кои според вас се најважните придобивки од животното осигурување за едно семејство?

Александра ТанатарецПолисата нуди двојна поволност: од една страна сигурност и осигурување и од друга страна безбеден облик на штедење, две поволности што според мое мислење  се повредни од било која друга инвестиција, особено во овие неизвесни времиња. Со животната полиса се добива сигурно штедење и се создава капитал за идни планови, односно капитал за времето кога приходите ќе се намалат. За мене и за мојот сопруг нема ништо поважно од иднината на нашите деца. Како и секој родител, на нашите најмили им посакуваме најдобро. Со полисата за животно осигурување им обезбедуваме почетен капитал, а со тоа им ја осигуруваме иднината. Додека нашите деца растат, ние штедиме и со тоа го олеснуваме периодот кога ќе треба да зачекорат во светот на возрасните. Вложуваме денес во нешто за што верувам дека сите ќе бидеме благодарни во иднина.

  Колку имањето на полиса за животно осигурување придонесува за спокојство и безгрижност во семејството?

Александра ТанатарецПолисата за животно осигурување е производ корисен за секоја индивидуа, затоа што со него се обезбедуваат приходи во најтешките моменти за едно семејство. Преживувањето на некоја несреќа може да биде со фатални последици за животниот стандард на едно семејство, па водени од желбата за поизвесна иднина, се одлучивме токму за ваков производ.

  Какви се светските искуства каде животното осигурување е мошне раширено и повеќе претставува начин на живот, а не исклучок?

Александра ТанатарецЖивотното осигурување е најценетиот облик на осигурување во развиените земји, затоа што полисата за животно осигурување е наменета не само за неговиот корисник, туку и за неговите најблиски. Овие искуства се повеќе се пренесуваат и кај нас бидејќи со животната полиса луѓето може да заштедат за поудобна старост или пак за поголема поддршка на своите деца. По истекот на полистата, парите може да се искористат за одредени животни приоритети: патување, реновирање на домот, купување автомобил, пензиска рента, склучување договор за ново осигурување и слично.

  Колку сметате дека граѓаните се информирани за ваквите можности?

Александра ТанатарецЕвидентна е потребата од едукација во областа на животното осигурување, односно финансиска едукација. Тоа овозможува да се донесуваат здрави финансиски одлуки, а следствено на тоа да се зголеми и квалитетот на живеење. Сметам дека едукацијата треба да се спроведува уште од формалното средно образование. Само информирана личност може правилно да одлучува какво животно осигурување му е потребно. Финансиските експерти препорачуваат дека уште во младоста треба да се мисли на иднината, бидејќи чекорите од овој тип што ги правиме сега својот ефект ќе го имаат по 10 или 15 години.