Ален Исламовиќ „заврши“ во инвалидска количка: „На терапија сум, но од ова нема да се откажам“

Добивај вести на Viber


Пејачот на „Бијело Дугмет“, Ален Исламовиќ неодамна доживеа несреќа, поради која сега е во инвалидска количка. Во оваа прилика тој зборуваше за српските медиуми откри како дошло до повредата.

Имено, на социјалната мрежа Тик Ток се појави снимка од неговиот настап, а Ален на сцената се појави во инвалидска количка.

-Ја скинав Ахиловата тетива. Играв тенис со моите другари во Сомбор и таму се случи несреќата, морам да носам држач за колено 6 недели и не можам да се потпрам на ногата, затоа сум во инвалидска количка, изјави пејачот.


- По двочасовен концерт, пеењето седејќи е напор, како да креваш 100 килограми товар со раце два часа и болката се спушта до ногата. Да е толку е убаво да се седи и да се пее, сите оперски пејачи би го направиле тоа, а и рокерите, и нормално е болката да се појавува таму каде што сте ранливи, но денес примам терапија...  како и да е, нема да ми се откажат концертите... треба да се завршат ветените концерти и да се држам до она што им го ветив на организаторите и на публиката, се гледаме наскоро, изјави тој.

Во сетоа ова, најголема поддршка му е сопругата Маријана.


„Мојата сопруга преживеа се мене“, изјави тој.

Ален е со сопругата Маријана од нејзината 16-та година, односно тој од 22-та година и ништо не влијаело на нивната љубов.

-Преживеала се и сешто, особено озборувањата кои кружат во светот на естрадата. Тоа го издржа храбро и јас и се восхитувам до ден-денес. Таа повторно е мојата најдобра и најубава љубов – изјави неодамна пејачот.

Фото:screenshot