Американскиот бренд GUESS со моно бренд продавница во Македонија

Добивај вести на Viber

Уникатната пролет-лето '20 колекција на американскиот бренд GUESS за 2020 година сјае во центарот на вниманието благодарение на природната убавина на познатата пејачка Џеј Ло, а од денеска љубителите на модата можат да купуваат во првата GUESS моно бренд продавница во која се застапени колекциите на GUESS Jeans и Marciano. Продавницата се наоѓа во Сити Мол во која освен женската, отсега достапна е и машката Guess Jeans колекција. 

„За GUESS најважно е тоа што купувачите се на прво место, и секако тие мора да бидат задоволни од брендот. За пролет/лето '20, инспирацијата за GUESS колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки излгед. Повелете во нашата продавница да уживате во купувањето“ велат  од тимот на Фешн Груп. 

GUESS во светот e познат по тексас облеката, така што од 2020 година е со слоганот #SMARTGUESS тоа значи дека користат напредна нано, озонска и ласерска технологија со користење на рециклиран и органски памук со кој се изработува тексасот. Токму на овој начин тие се грижат за животната средина. 

„Отворањето на GUESS продавницата ја одложивме заради пандемијата, но имавме големо отворање на виртуелната продавница. Сега, сите може да купуваат и директно во нашата продавница која ја нуди новата колекција од брендот. Не радува фактот дека околу 40 години американскиот бренд GUESS креира облека како за жени така и за мажи, часовници, накит, парфеми и чевли, во над 80 земји низ светот“ додава од маркетинг секторот на Фешн Груп, Јордан Колевски.