Ана (35) имала четири спонтани абортуси: А потоа, ѝ се случило нешто што и се случува на една од милион жени

Добивај вести на Viber

Тоа што ѝ се случило слободно можеме да го наречеме медицински феномен

Мајка од Масачусетс родила два пара идентични близнаци, ретка појава која се случува еднаш во 10 милиони бремености.

Во општата болница во Масачусетс во Бостон, Ана Ешли Нес родила четворка, две момчиња и две девојчиња.

-Да играше на лотарија, да имаше ваква среќа, ќе беше многу богата. Ова е исклучително ретко породување со кое малкумина лекари ќе се сретнат - коментира д-р Ахмет Башчат, директор на Центарот за терапија на фетусот, за магазинот „Пипл“.

Тој објасни како се случува оваа појава.

View this post on Instagram

A post shared by Ashley Ness (@thec_squad2022)



„Ова се случува кога две јајце клетки се оплодуваат во исто време и потоа секоја оплодена јајце клетка повторно се дели“, вели д-р Башат.

Бидејќи секоја поделена јајце клетка останува затворена во сопствената плацента, за разлика од традиционалните четворки, каде секое дете би претставувало посебно оплодено јајце и би било затворено посебно, резултатот е два пара идентични близнаци.

Бебињата се родени во 28 гестациска недела, 12 недели предвреме и се очекува да поминат најмалку осум недели во одделот за неонатална интензивна нега.

View this post on Instagram

A post shared by Ashley Ness (@thec_squad2022)


Мама Ешли е во болница од 6 јули за да ја одржи бременоста.

View this post on Instagram

A post shared by Ashley Ness (@thec_squad2022)



Инаку, оваа жена е веќе мајка на една ќерка, а имала четири спонтани абортуси и не очекувала да роди повеќе деца. За жал едно бебе не преживеало.

ФОТО: Инстаграм