АНА ЈОВКОВСКА ГИ ОСЛОБОДИ ЕМОЦИИТЕ: Еве мамо, сега ги имаш и двете чеда
Можеби најмногу треба да му се заблагодарам на чудото од живот кој некако ги нареди сите коцки да се случи ова книжевно дело, рече познатата новинарка, авторка и активистка на синоќешната промоција на нејзината втора книга „Ехо на слободата“
Наместо да родиш дете ти книга ќе издаваш, ми рече мајка ми пред три години кога одлучив да го промовирам моето прво книжевно дело „Пулсот и времето“. Еве мамо, сега ги имаш и двете чеда. Едното дома спие, а другото од утре ќе спие по книжарниците, се пошегува Ана Јовковска пред присутните во клуб-ресторанот МКЦ кои синоќа во голем број дојдоа да ѝ го честитаат новото „чедо“, збирката дијалози „Ехо на слободата“. Познатата новинарка, авторка и активистка, но и мајка на 17 месечно бебе, освен до семејството,благодарноступати и до Министерството за култура кој финансиски го поддржа овој проект, до уметникот Ване Костуранов кој е автор на дизајнот на корицата, до нејзиното ново книжевно семејство (издавачкиот центар ТРИ), но и до почитувачите на нејзиниот ракопис, нејзината верна публика која, како што рече, ѝ дозволува да лета или да мисли дека лета надмедиокритетскотои над прозаичното секојдневие кое немилосрдно нè шамара од сите страни во општеството.
- Можеби најмногу треба да му се заблагодарам на чудото од живот кој некако ги нареди сите коцки да се случи ова книжевно дело – подвлече Јовковска.
„Ехо на слободата“ е компилација на интервјуа со триесет значајни имиња, претежно луѓе од сферата на културата, но и неколку политички аналитичари и дипломати.
- Низ целиот творечки процес изминативе месеци главна нишка ми беше дека животот не го прават деновите што поминуваат туку деновите што се паметат. Денеска е таков ден за мене. Не случајно го одбрав насловот „Ехо на слободата“. Слободата ми е света и таа е секогаш на прво место во мојот живот и без неа ми се чини дека ниеден сегмент на нашето битисување не би бил возможен. Човек кој не е слободен просто или одработува само за својатаживејачка, ден за ден, или одработува за некаква партиска агенда. Важно ми беше слободата да е главната нишка на овие различни теми кои се протегаат од антропологија, културологија, политика, па сè до најромантичните или најпесимистичките длабоки траги и лузни на човековото битисување – нагласи Ана во нејзиниот долг емотивен говор.
Воведните зборови на промоцијата ги имаа рецензентите Ана Мартиновска која откри дека со ѕвездата на вечерта, нејзината имењачка, делат иста страст кон екстравагантниот накит и Владимир Мартиновски кој симпатично забележа дека и покрај големиот број културни настани што синоќа во исто време му се „случуваа“ на Градот убав, цело Скопје дојде токму кај Ана на промоција.
Британскиот амбасадор Чарлс Гарет, министерот за култура РобертАлаѓозоски, универзитетската професорка Татјана Петрушевска, професорката и академик Катица Ќулафкова, директорката на „Танц фест“ Рисима Рисимкин, актерите Ѓорѓи Јолевски и Ана Костовска, пејачката и активистка Ребека Јанковска, поранешниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски и поетот Дарко Лешоски беа меѓу присутните кои уживаа и во краткиот музички перформанс на Бранко Николов од групата „Фолтин“.
За Женски Магазин, Ѓорге Стојанов