Ана Николиќ ги оперираше градите?! Отиде тајно под нож, а еве што сѐ коригираше на себе

Добивај вести на Viber


Ана откри дека наскоро ќе замине на заслужен одмор со момчето на Малдиви.

Пејачката Ана Николиќ неодамна изврши целосна реконструкција на градите, а како што пренесува српски Скандал, нејзината желба била деколтето да изгледа како да има 25 години! Имено, пејачката по речиси две децении решила да ги вади силиконите, бидејќи големината што ја имаше до неодамна почнала страшно да и пречи.

Ана отиде кај хирург со слика од градите, па објасни каков резултат сака. Хирургот одлично си ја заврши работата, Ана е задоволна и рече дека не можело подобро. Поради оваа интервенција таа не замина на одмор или на море. Ќеркичката Тара ја испратила на море со татко ѝ Раста и кон крајот на август пак ќе замине на одмор.

На крајот на краиштата, Ана за споменатиот весник откри дека наскоро ќе оди на Малдиви со своето ново момче.

- Подготвувам турнеја. Најдов бенд и сè ќе биде во полн ек. Тешко е и има многу работа, затоа не отидов никаде, но штом ќе пробаме и подготвиме се, ќе одиме на Малдиви – потврди пејачката.

Инаку, Ана Николиќ неодамна била преплашена од пријател додека била во автомобилот во Славија, па се присети на тоа искуство.

- Ми пријде и тропна низ прозорецот. За малку ќе избегав преку подвижниот покрив! Јас сум трауматизирана жена. Имав различни епизоди во мојот живот. Еднаш пукаа, не во мене, туку во некој со кој се возев во колата. Бев толку трауматизирана што сè уште ме лазат морници.

Фото: Инстаграм