Анабела наполни 48 години во кругот на најблиските: Луна откри во какви односи е мајка ѝ со Марко

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Анабела Џогани вчера го прослави својот 48-ми роденден во кругот на најблиските.

По тој повод таа објави низа фотографии на својот профил на Инстаграм. Во раце ја држи нејзината внука Миа, и дува свеќи заедно со ќерките и сите присутни. 


На фотографијата не го забележавме сопругот на Луна, Марко Миљковиќ.

Луна Џогани за „блиц.рс“ откри каков однос имаат сега нејзиниот сопруг Марко Миљковиќ и нејзината мајка Анабела Атијас.

- Анабела и Марко се во подобри односи од кога било, баш се такви какви што треба да бидат. Сега е тоа здрава врска, фала богу, нека остане така - изјави Луна.

- Секогаш е тука со нас, таа ми е мајка, баба на ќерка ми, секогаш е присутна, сите сме добро, сакам така да остане - изјави Луна и додаде дека Анабела била на нивната неодамнешна куќна слава.