Анастасија во црн фустан го украде шоуто: Цеца во вилата на Дедиње славеше Свети Никола, еве кој сѐ дојде

Добивај вести на Viber

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ вчеравечер го прослави Свети Никола во домот на Дедиње, а нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ пристигнала од Севиља да го прослави овој ден со семејството.

Имено, во вилата на Ражнатовиќ се појавија голем број познати личности, а Цеца не го криеше задоволството што по тој повод во Белград дошла нејзината ќерка Анастасија која вообичаено живее во Шпанија со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ.

Анастасија позираше со својот пријател и фризер Стеван Радивојевиќ. Таа била облечена во црн фустан кој го комбинирала со црни високи потпетици.

Покрај многуте јавни личности, во центарот на вниманието беа и сестрите на Богдана Ражнатовиќ, Бојана Шијан и Наташа Родиќ кои елегантно позираа во вилата на Цеца.

Цеца во еден момент излезе од домот и пред насобраните новинари изјави колку е среќна што нејзината ќерка Анастасија е тука, а го спомна и доаѓањето на нејзиниот втор внук, однсно второ дета на Вељко и Богдана.

-Здравје Боже, Илијан ќе биде со нас следната година. И Анастасија е тука, да, пресреќна сум. Жал ми е што Немања не можеше да дојде, има натпревар вечерва, и жали поради тоа. Анастасија ни недостига во последно време, затоа што е далеку од нас, вели дека најмногу и недостигам. Деновиве имаме многу прослави, празници, убаво е.


-Работам многу, со сериозно темпо сум. Вељко сега е домаќин на славата, природно е, машко е, главен е, славата му е. Ги пречекува гостите, манирите се научени, но... Тој повеќе смета отколку што помага и се сака да проба – додаде Цеца со насмевка.


Фото: Инстаграм/ Принтскрин јутјуб
Извор: www.blic.rs