Андовска: Скандалозно е укинувањето на фестивалот „Денови на македонска музика“

Уметниците, како и работниците од културата не молчат и по втората објава на резултатите од конкурсот за годишната програма на Министерството за култура. Веќе е добро познато дека скратени се средствата на повеќе реномирани фестивали и манифестации, со што се доведува во опасност нивно укинување или воопшто да не одржат оваа година. Нејасните критериуми и услови врз кои се формира оценката за поднесената програма најжестоко меѓу другите ги критикува и македонската композиторка Дарија Андовска. 

Во интервју за Фактор вели дека традиционалната манифестација „Денови на македонската музика“ е скандалозно укината, односно не и се доделени потребните средства. Уметниците според неа треба да се обединети, додека пак публиката има право на современа музика која не е соодветно поддржана. 

Целото интервју прочитајте го на ФАКТОР.МК