Андрија во школо добил грозен коментар, мајката на детето ме блокираше на Вибер: Синот на Миа Костова жртва на булинг

Добивај вести на Viber

Поранешната водителка и една од најпознатите македонски инфлуенсерки Миа Костова сподели дека нејзиниот син Андрија бил жртва на булинг во училиште.

Нејзината објава ја пренесуваме во целост: 

„Денес Андрија во школо добил многу грозен коментар од дете од клас . Не од оние регуларните ‘глуп, деген и сл’ туку онака баш грозен коментар кој не го смислува дете од 11 години освен ако не му е кажано дома. И не бил само Андрија жртва на вербален булинг.

Помалку битно, на мојот обид да се објаснам мајката на детето ме блокираше на вибер. 

Не можеш да очекуваш пристојно и нормално дете од родител кој нема елементарна култура. Децата сме ние. Сите монструми и фрустрации и кретенско однесување и невоспитување доаѓаат од дома. И само од дома.

Фала му на бога што Андрија од секогаш важел за културно и воспитано и непакостно дете. Тоа ми е доволно.

А моето трпениенце кога е Андрија во прашање е секогаш многу кусо. Па ќе оставам тука да стои ова за потсетување дека следниот пат нема да имам обзир дека се работи за детенце.“