Анѓелка се мажи?! Актерката во бело од глава до пети во црква, ја заинтригира јавноста со оваа фотографијата

Добивај вести на Viber

Актерката Ања Мандиќ, вдовица на починатиот актер Милорад Мандиќ Манда, со години е во пријателски односи со актерката Анѓелка Стевиќ Жугиќ.

Овој пат Ања објави фотографија од црква на која позира со Анѓелка, заедно со порака која ја заинтригира јавноста.

„Овој септември започна величествено. Нека продолжи. Те сакам. Кумашинке", напишала Ања на фотографијата.

„Го збогати овој септември и претходниот и животот воопшто. Нека продолжи. Те сакаме. Кумашини“, напиша Стевиќ Жугиќ во коментар.

View this post on Instagram

A post shared by Anastasia Anja Mandic (@anjuta_mandic)

Анѓелка беше облечена во прекрасен бел фустан отворен до половина од грбот.

Анѓелка потоа ја објави истата фотографија на својот Инстаграм со натпис „Нејзиното височество, кума“.

Причината за собирот во црквата актерките не ја споделија на социјалните мрежи, па се остава простор за шпекулации  дали Анѓелка ја крстила својата ќерка Чарна или се одржала и црковната венчавка со Марко Жугиќ.

Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs