„Антиејџ“ диетата на Бриџит Макрон

Добивај вести на Viber

Таа е свесна дека не може да се потпира само на добри гени, така што многу внимава што јаде

Во април годинава, првата дама на Франција, Бриџит Макрон, наполни 67 години. И судејќи според нејзините најнови фотографии, сопругата на Емануел Макрон е во одлична форма.

Поранешната учителка не може да се пожали со проблеми со тежината и без грижа си дозволува да носи здолништа и фустани кои ги покажуваат нејзините тенки нозе.
Мадам Макрон е свесна дека не може да се потпира само на добри гени, па многу внимава што јаде.

И додека таа е во тек со најновите модни трендови, кога станува збор за јадењето сопругата на францускиот претседател е многу старомодна.
Бриџит Макрон не е обожавател на популарната алкална диета. Таа само сака да има најмалку 10 вида сезонско овошје и зеленчук на своето дневно мени. И во никој случај не сака да види брза храна на својата маса.

Според нутриционистот Френки Филипс, методот на Мадам Макрон е многу добар. Според него, присуството на различни овошја и зеленчуци во нашето дневно мени  е еден од најдобрите начини за одржување на здравјето и пролонгирање на младоста. „Луѓето кои јадат пет порции (околу 400 грама) овошје и зеленчук на ден имаат намален ризик од развој на неколку хронични заболувања, вклучително и срцеви заболувања и карцином“, изјави Филипс.

Овошјето и зеленчукот не се само извор на растителни влакна, кои се неопходни за возрасни жени, туку и се полни со хранливи материи.
Денес, многу нутриционисти силно препорачуваат збогатување на дневната исхрана со зеленчук кој е богат со витамини, наместо вообичаените додатоци. Постојат дури и специјални списоци на зеленчук и овошје кои имаат подмладувачки ефект. Меѓу нив се:


Спанаќ - тој е богат со лутеин и зеаксантин, кои го спречуваат развојот на катаракта и имаат позитивен ефект врз состојбата на мрежницата.

Црвена пиперка - содржи многу витамин Ц и каротин, кои се сметаат за моќни антиоксиданти. Витаминот Ц помага во зајакнување на имунитетниот систем и го спречува стареењето на кожата и брчките.

Јаболка - ова е едно од најпопуларните плодови против стареење со висока содржина на пектин, што ви овозможува да ги отстраните токсините и да ја одржувате еластичноста на вашата кожа.


Авокадо - е многу богато со витамин Е, кој е моќен антиоксиданс. Нутриционистите го препорачуваат за сува и иритирана кожа.

Брокула - таа е богата со кверцетин - антиоксиданс со антиинфламаторни својства. Тие се сметаат за одлична алатка за спречување на колитис и артритис.


Фото: jenata.blitz.bg

(ФОТО) Има три деца од претходниот брак: Бриџит Макрон во младоста