Антонија Гиговска повторно полу-гола (фото)

Една од најдобрите пејачки кај нас Антонија Гиговска, ситно брои до породувањето со своето прво дете. Таа неодамна ја изненади јавноста со објавата дека е бремена од своето ново момче.

Иако се дигна голема прашина околу тоа кој е навистина татко на детето со оглед дека имаше долгогодишна врска со Иван, сето тоа помина како и секое чудо за три дена, работите конечно дојдоа на свое место, а идната мама е посреќна од било кога. Таа често среќата знае да ја сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи  и да го разголи своето меше. 

Така е и овој пат, на видеото кое го објави на својот инстаграм профил, таа стои пред огледало и го гали својот стомак, а по неговата големина може да се забележи дека е во поодмината бременост.

Антонија изгледа беспрекорно, се чини дека не се поправила ниту малку, иако неодамна мака мачеше со килограмите,  пред да ослабе неверојатни 30 килограми. 



Фото: Антонија Гиговска / Instagram