Апсолутна победничка: Лејди Гага издоминира на МТВ, сите зборуваат за нејзините маски и деветте сценски комбинации (ФОТО)
Пееше цели 10 минути со маска на лицето!
Синоќа се одржаа МТВ „Видео музичките награди“, а Гага успеа не само да однесе неколку награди дома, туку и да издоминира со настапот, во согласност со мерките за заштита.
Лејди Гага ги освои наградите за Уметник на годината, Песна на годината, Најдобра соработка и Најдобра кинематографија. Во исто време, таа победи на т.н. Награда Трикон, за која фановите веќе шпекулираат дека МТВ ја измислила само за неа, а која се однесува на уметници кои се успешни на различни полиња, вклучително и модата и активизмот.
Како и да е, таа го заслужи тоа со синоќешните настапи.
Лејди Гага и нејзините танчарки имаа скоро десетминутна енергична изведба, сите под маски. Погледнете ги сите нејзини маски, кои всушност беа ЛЕД-маски, во галеријата подолу.
ВИДЕО од настапот на Гага:
Во еден момент, накратко на сцената и се придружи нејзината колешка Ариана Гранде, со која го отпеа нивниот дует „Rain on me“.
Лејди Гага во текот на целата вечер носеше маски кои и одговараа на сценскиот аутфит, а пред тоа изјави дека ќе се придржува кон сите пропишани мерки на церемонијата на доделување награди.
Што се однесува до останатите добитници, БТС (награди за најдобар поп, најдобар К-поп, најдобра група и најдобра кореографија), Тејлор Свифт (најдобра режија), Ice cream на Blackpink и Селена Гомез (најдобра летна песна).
Оваа година, МТВ воведе и две „карантински награди“ кои отидоа во рацете на Ариана Гранде и Џастин Бибер (најдобро видео снимено од дома за песната „Stuck With U“) и латинскиот бенд CNCO за најдобри перформанси од карантин.
извор:telegraf.rsГалерија: