Аријана Гранде се омажи: Во нежен невестински фустан кои ги воодушеви жените ширум светот (ГАЛЕРИЈА)

Венчавката беше организирана за релативно мал број луѓе, поради мерките заради пандемијата на вирусот корона.

Познатата американска пејачка Аријана Гранде (27) се омажи за агентот за недвижнини Далтон Гомез (25), по неколкуте претходни нејзини свршувачки кои завршија неславно.

Аријана сподели фотографии на социјалните мрежи, на кои ги гледаме како се гушкаат и се смешкаат, а за нејзината едноставна и нежна венчаница со гол грб се зборува многу.

Младоженецот се одлучи за класичното, црно-бело издание, а фотографиите ги воодушевија обожавателите на пејачката, која веќе подолго време е најследената жена на Инстаграм.

Венчавката беше организирана за релативно мал број луѓе, поради мерки заради пандемијата на коронавирус. Судејќи според нивните насмевки, интимната прослава не ја намали нивната среќа.

ГАЛЕРИЈА: