Баба на нацијата: 90-годишна бабичка закрепна од коронавирус

90-годишна жена целосно закрепна од коронавирус, откако семејството се збогувало со неа и мислело дека ќе ја изгуби.

По Божиќ 2019 година, 90-годишната Женева Вуд доживеала мозочен удар. Нејзините две ќерки биле сигурни дека ќе ја изгубат.
Неколку недели подоцна, Женева била префрлена во Центарот за нега, старечки дом во Киркланд, Вашингтон. Таму, неверојатно, таа повторно научила како да оди и да зборува. Нејзиното закрепнување одело толку добро, што само неколку дена ја делеле од можноста да се врати дома во семејството.

Тогаш старечкиот дом беше погоден од појава на коронавирусот, со регистрирани повеќе од 100 случаи на пациенти и вработени.

Центарот за животна нега бил ставен во карантин, како и сите други и Женева не смеела да го напушти. И тогаш, уште еден пресврт.
Женева паднала во старечкиот дом и го скршила колкот. 

Таа била однесена во болница, каде што нејзиното семејство побарало од лекарите да ја тестираат за коронавирусот додека била таму - Женева беше дијагностицирана со КОВИД-19.

Лекарите известиле дека прогнозата не е добра, белите дробови на Женева брзо се наполниле со течност и претпоставувале дека таа нема да преживее наредните 24 часа, па го замолиле нејзиното семејство да дојде да се збогува со неа.

Носејќи заштитна опрема, на нејзините ќерки им било дозволено да ја прегрнат за последно збогум. 

Но, повторно дошло до извонреден пресврт, кој сега им дава надеж на многу луѓе.

-Лекарите го известија нашето семејство дека по серија тестови, конечниот тест за коронавирус е негативен и Женева е официјално „без коронавирус“. Таа ќе биде дома во наредните 3-4 дена каде ќе биде во карантин со семејството, се додека не кажат поинаку докторите. Како што самата Женева вели, „Ова е дар од Бога, Тој сè уште не звршил со мене!“ Благодарам на докторите и медицинските сестри, нашето семејство е засекогаш благодарно. 

Ја нарекуваат „Баба на нацијата“ и „Лицето на борбата“ и многу се гордееме со вас Женева Велика! - соопшти ќерката на Женева.

На фотографиите Женева ги гушка Ками и Барбара, нејзините ќерки.