„Baby shower“ од соништата за поранешната водителка на „Бекстејџ“: Сина боја и многу подароци за неродениот син (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Водителката Марија Петровска, која веќе 7 години живее во Словенија и нејзиниот партнер, Словенецот Михаел Сказа, за некое време ќе се остварат во улогата на родители. 

По тој повод викендов блиските на поранешната водителка на „Бекстејџ“ организираа „baby shower“ за бебето кое е на пат.


Имено декорациите беа во сина боја во знак на машкото бебе, а се внимаваше на секој детал.

Марија која е веќе ги бори последните денови од бременоста изгледаше одлично во син фустан со цветен дезен. Таа доби многу подароци за својот син.


- Релативно рано дознавме дека чекаме син, уште во 12-тата недела одлучи сам да ни открие на прегледот на нухална транслуценца. И морам да признаам дека оттогаш секој ден потајно размислувам како ќе изгледа, на кого ќе личи, дали ќе доминираат словенечките или македонските гени, ама на крајот секогаш завршувам со истата мисла - само нека е жив и здрав, ништо друго не е важно. Што се однесува до името, сè уште не сме избрале. Имаме неколку фаворити, ама сè уште ништо конкретно - раскажа Марија за Женски Магазин кога беше во 20-тата недела од бременоста.