Познатата балканска пејачка ослабна од 115 на 63кг: Со ова мени се случија чуда, за 6 месеци ја преполовив тежината
Аница Миленковиќ беше една од најголемите ѕвезди на 90-тите. Во екот на кариерата се пензионира и се пресели во Америка, но потоа успеа да се здебели неверојатни 115 килограми
Пејачката Аница Миленковиќ ја паметиме уште од деведесеттите кога го пееше хитот „Ланчиќ“. Со совршен глас и женствена линија, Аница беше одраз на „вистинска жена“, како што популарно се вели кај нас.
Но, во екот на кариерата пејачката реши да се пресели во Америка и тогаш успеа многу да се здебели, па во еден момент имаше 115 килограми.
„За време на првата бременост многу се здебелив затоа што се опуштив. Дотогаш тренирав и внимавав што јадам бидејќи имам тенденција да се здебелувам. Кога ја родив ќерка ми Барбара пред 12 години, успеав да ослабам , а потоа следуваше втората бременост. Повторно ослабев, но син ми Филип се роди без слух и му беше вграден кога имаше една година. Поради неговата операција и стресот нагло почнав да се дебелеам“, изјави Аница.
Кога нејзиниот син Филип закрепнал, пејачката решила да си се посвети себеси. За шест месеци таа успеа да го промени својот живот и да ја врати линијата до совршенство.
„Пиев разни препарати, држев диета, отидов на лекар, но брзо се откажав. По препорака на пријател, во 2018-та година дојдов кај нутриционистот и фитнес тренер Клаудија Адеми. Си реков: „Се обидов сè, не ме чини ништо ќе пробам и со неа. Тогаш почна да се менува мојот изглед, но и мојот живот. Со нејзината диета за кратко време, од јуни до декември, од 115 килограми паднав на 63. Сакам да имам 58 килограми и работам кон таа цел“, објаснува Миленковиќ.
Пејачката вели дека ѝ било тешко и дека размислувала да се откаже.
„Не можев без леб и слатки, но по првите седум дена веќе немав проблем. Најлоши се првите три дена од новиот режим. Сакав да се откажам, но Клаудија секогаш беше покрај мене, не ми дозволи. Кога после три дена видов колку се чувствувам добро и забележав дека веќе не сум подуена и немам главоболки, не ни помислив да се откажам. Кога денес ќе се погледнам во огледало , гледам здрава, убава жена и знам дека повеќе нема да дозволам тоа да се промени“, изјави пејачката.
Менито што го практикува пејачката е едноставно. За појадок јаде омлет или две колачи со мармалад, а понекогаш и овесна каша. Додека за ручек јаде месо и салати, а за вечера супа.
Аница денес живее на Флорида и сама ги расте синот Филип и ќерката Барбара. Освен со пеење се занимава и со други работи. Таа одржува станови и куќи, работела и како надзорник за чистење во банка, а се грижи и за стари лица.
Извор:stil.kurir.rs