Балканските големи ѕвезди ги загубија животите на ист начин: Сите ги покоси една зла болест
Болеста која однесе многу луѓе од Бакланската јавна сцена е токму ракот на белите дробови.
Фолк пејачот Зоран Калезиќ почина на 73-годишна возраст по долго и тешко боледување на почетокот на оваа година.
Ја загуби битката со ракот на белите дробови, а во своите интервјуа вели дека е свесен колку е подмолна и тешка оваа болест. Пејачот дури изјави дека чувствувал дека му доаѓа крајот.
„Сега полека тргнав на пат кај мојот кум Томи Здравковиќ. Наскоро ќе се сретнеме, но дотогаш имам што да направам. Го чекам концертот во Домот на синдикатите за уште еднаш да ги слушнам нотите кои ги враќаат сите органи на своето вистинско место. Треба уште еднаш да ги видам сите тие луѓе во публиката“, низ солзи изјави во една прилика Калезиќ.
За жал, истата болест само 12 дена претходно му го одзеде животот на пејачот Масимо Савиќ, кој почина на 23 декември на 63-годишна возраст во болница во Загреб. Неговото семејство соопшти дека пејачот немала долга борба со порочната болест.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, не напуштија по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеана, топла, силна, полна со љубов и исткаена од уметност. Ние ќе бидеме твоите девојки засекогаш. Ани и Мирна“, се вели во објавата на Фејсбук.
Од оваа болест настрада и еден од најпознатите хрватски пејачи Оливер Драгојевиќ. Имено, тој почина на 71-годишна возраст, точно една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови. Иако веднаш почнал со хемотерапија, неговата состојба не се подобрила.
„Деновите ги поминувам дома играјќи и пеејќи. Знаеш, станувам наутро, ја земам гитарата и почнувам да свирам, и така цел ден. Не ми е тешко, на тоа гледам како на некаква рекреација“, изјави познатиот пејач неколку месеци пред да почине, додавајќи:
„Да не требаше да одам на хемотерапија, ќе помислив дека немам ниту една болест“. Се разбира, го пијам лекот и се како што е пропишано. Кога нема да одам на хемотерапии, многу сакам да доаѓам во викендицата во Вела Лука, каде што сакам да свирам и да пеам. Тоа е единственото нешто што ме исполнува деновиве. Страшно е кога некоја болест го погодува човек, но ако се бориш, обично ја добиваш битката“.
Пред точно пет години не напушти познатиот актер Небојша Глоговац.
На 47-годишна возраст, тој почина од тешка форма на рак на белите дробови. Имено, драмскиот уметник за болеста дознал во декември 2017 година, но се работи за вид на рак кај кој метастазите се појавуваат веќе со првите симптоми.
Побарал помош во една клиника во Германија, каде пет дена му се прават анализи, но на третиот му било кажано дека нема да може да се излечи. По враќањето во Србија, преостанатото време одлучил да го помине со своите три деца, ќерката Сунчица и синовите Милош и Гаврил.
Само неколку месеци откако дозна дека е болен, беше објавена веста дека починал еден од омилените локални актери.
Пејачката Уснија Реџепова повеќе од три години боледуваше од рак на белите дробови, а последните денови ги помина во Клиничкиот болнички центар во Белград. Како што се пишуваше, пејачката секојдневно се бореше со неподносливи болки. Уснија почина на 1 октомври 2015 година.
И мајката на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша, новинарка и радио водителка, три години водеше битка со оваа тешка болест.
фото- инстаграм