„Барај девојка преку ден, а договорија за вечер“: Харис Џиновиќ по разводот вака го советувал синот

Добивај вести на Viber

Пејачот Харис Џиновиќ неодамна се разведе од Мелина, која е 20 години помлада од него, а сега му откри на синот како да ја најде „вистинската“.

Пропаѓањето на бракот на босанскиот пејач Харис Џиновиќ (72) и неговата 20-години помлада поранешна сопруга Мелина сè уште е интригантна тема. Заедно имаат две деца, ќерката Џина (20) и две години помладиот син Кан, а пејачот за српските медиуми раскажа што го советувал својот син единец кога е во прашање изборот на жените.

- Само што му реков на мојот син Кан: ’Кан, ако излезеш навечер и сретнеш девојка, тука нема леб. Девојки се бараат преку ден, а се договараат за вечер. Потоа денес ми се јавува и ми вели: „Таиќ, посетивме шест или седум градини, запознавме осум девојки“. Му реков: „Ете гледаш“, а тој ми рече: „А, каков лав си ти“ – рекол Харис, пренесува Блиц.

По разводот децата останаа со татко им во белградски Сењак, додека Мелина наводно е во врска со тамошен бизнисмен, а Харис признал и дека би сакал нова врска.

- Сега сум слободен човек. Емотивно достапен – изјави неодамна Џиновиќ.

Откри и каков тип на жена ќе го освои.

– Убавите и паметни жени ми оставаат впечаток, ги нема премногу! Таа мора да е нормална. Таа мора да има совест, да има толеранција, да биде вредна. Љубовта може да биде и допир со рака, и кога ќе се заврши во креветот … Жените мора да имаат став! Сите луѓе треба да имаат став – изјави тој за српската телевизија Прва.

Фото:Инстаграм