БАРБАРА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Добивај вести на Viber

На овој ден (4-ти декември), католиците ја слават Света Барбара, заштитничка на рударите и добрата смрт. Според легендата, Света Барбара била мачена и убиена од нејзиниот сопствен татко, кој потоа бил убиен од гром, па затоа Барбара штити и од оган и од гром.

Света Барбара е заслужна за популарноста на името и неговите варијанти во земјите низ целиот свет. Во православниот календар е позната како Света Варвара, женски празник кој се презнува на 17-ти декември. 

Името има грчко потекло и потекнува од зборот варвар, што значи „туѓо“. Од друга страна, латинскиот „barbarus“ значи „странски и див“. Скратена верзија на името е Барби.

Нумерологијата го објаснува и значењето на името Барбара, односно лицата кои го носат ова име. Тие добро се снаоѓаат во улогата на мирен медијатор кој се стреми кон хармонија во односите, нежноста, вниманието и чувствителноста им одговара, а исто така се личности кои се карактеризираат со топлина, смиреност и чувствителност. Тие исто така имаат дипломатски пристап кон решавање на проблемите.

Кога станува збор за љубовта, овие луѓе ќе сторат сè за да го направат својот однос со партнерот пријатен и хармоничен. Тие му нудат на својот партнер безбедно и емотивно прибежиште.