Барби издание на Шпанската кралица: Летиција во неочекуван бомба стил, ги предизвика и модните критичари

Добивај вести на Viber

На прославата на Денот на шпанските вооружени сили, кралицата Летиција потврди дека знае да презентира дури и на прв поглед проблематични модни комбинации.

По тој повод, убавата Шпанка се одлучи за елегантно парче, а сепак необично издание кое привлече многу погледи. 

Имено, Летиција изгледаше одлично во фустан-палто, парче што жените сè повеќе го претпочитаат за свечени настани затоа што е ефективно и различно, а сепак елегантно. Кралицата го одбрала фустан-палтото во розова боја, розови салонки на висока потпетица и мала розова плико чанта од истата нијанса. 

Она што особено паѓа во очи е фактот дека креацијата што ја носи е розова, шпанската кралица избра розови тонови од глава до пети. Обетките на оваа бринета беа исто така прекрасен детаљ - мали, но воочливи со комбинација на розови и смарагдни камења. 

Барби изданието сигурно не е нешто во што замислувате 48-годишна кралица, но признаваме дека Летиција успеа фантастично да ја претстави оваа облека!

Дали, вам ви се допаѓа?


Фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Kралицата Летиција во чевли што мора да ги има секоја жена: Дури и од најдосадната облека прават модна магија