„Beauty“ совети: Како да изберете соодветна течна пудра за вашата кожа

Добивај вести на Viber

Сите вљубеници во „Make Up“ добро им е познато дека одбирањето на пудрата е најважен, но и најтежок чекор во „beauty“ рутините.
Потрагата за течна пудра која совршено ги прикрива сите недостатоци, не се приметува дека воопшто е нанесена, а истовремено ја штити кожата и го прави лицето да изгледа потполно природно – воопшто не е лесна задача.
Честопати треба да пробате многу пудри од кои нема да бидете задоволни, да прочитате препораки, да се консултирате со Вашите пријателки и што користат тие. Но, имајте на ум , совршената пудра за другите, не мора да биде совршена и за Вас.
Потрагата за совршена пудра е единствено Ваша, почнувајќи од каков тон на пудрата да одберете, која нијанса, каква прикривна моќ да има и уште многу други прашања што треба самите да си ги одговорите и да сфатите што сакате да постигнете.


Тон и подтон на кожата

Пред да воочите кој тон и подтон и прилега на Вашата кожа, битно е да се разбере значењето на тие поими. Тон на кожата е она на кое реферираме кога одредуваме колку кожата е светла или темна (светол, среден или темен тон на кожата). Додека подтон на кожата е суптилна нијанса која „лежи“ под основниот тон и влијае на целокупниот изглед на нијанса на кожата.

Подтонот најчесто се дели на 3 типа:

  • доколку бојата на вените е сино-зелена тогаш Вие имате  топол подтон и тој и дава жолтеникав пигмент на кожата.
  • доколку бојата на вените е сино-виолетова тогаш Вие имате ладен подтон и тој и дава розикав пигмент на кожата.
  • доколку има прелевање на боите и не може да одлучите која е бојата на вените, тогаш Вашиот подтон е  неутрален и дава беж пигмент на кожата.

Тип на кожата

Одредувањето на типот на кожа е битно за да се најде соодветната пудра која ќе прилега за Вашето лице. Во зависност од годишните времиња, типот на кожа може да Ви се менува, па голем дел на луѓето не можат со цврст став да кажат каков е нивниот тип на кожа. Според истражувања, 70% на луѓето имаат нормален тип на кожа, таа кожа на ладно станува сува, на топло станува комбинирана или масна. Најчесто никој не одговара дека има нормален тип на кожа. Доколку одите да купувате течна пудра и продавачот Ве праша каков тип на кожа имате, а Вие не сте сигурни каков е Вашиот тип, најсоодветно ќе биде да одговорите нормален тип на кожа.

  • Ако ја чувствувате Вашата кожа многу затегната и рапава по целото лице, тогаш се одредува како сува. Чувството е исто како да облечете два броја помала кошула.
  • Кожата со сјајна текстура е склона кон создавање акни и може да се класификува како масна. Со отворени големи пори и со маснотија по целата геометрија на лицето.
  • Нормалната кожа е мазна, без проширени пори и неправилности.
  • Кожа која сјае во Т-зоната со склоност кон избувнување, а останатиот дел е сув, е комбинирана кожа.

Во одбирањето на течна пудра, кај нормален и комбиниран тип на кожа, може да се третира на ист начин и да се користи соодветен тип на течна пудра за нормален до комбиниран тип на кожа, сепак се ова е релативно во однос како ја третирате кожата и на какви надворешни влијанија е изложена.


Изберете ја правата формула

Во зависност од типот на кожа треба да ја одберете соодветната течна пудра.

  • Дамите кои имаат масен тип на кожа треба да ги избегнуваат течните пудри кои се на база на уље. На нив им одговара пудри кои даваат мат ефект.
  • На сув тип на кожа не одговараат мат пудри бидејќи дополнително ќе ја исушат кожата и ќе ги истакнат борите. Се препорачуваат пудри кои се хидратантн. Ваквиот тип на течни пудри ќе направи лицето да делува сјајно и здраво. Доколку сакате потежок тип на течна пудра или сакате да постигнете мат ефект, потребно е да ставите Primer или База за течна пудра
  • Комбинираниот тип на кожа е специфичен за третирање, бидејќи образите се суви, а T – зоната масна. Најдобро е да се нанесе хидратантна течна пудра по краевите на лицето, па постепено изблендирајте го во пределот околу носот. Завршетокот нека Ви биде со пудра во прав која ќе ја нанесете на носот и челото. Тоа ќе ја зацврсти течната пудра и ќе спречи да навлезе во брчките.
  • На нормалниот тип на кожа одговараат сите врсти на течна пудра, во зависност од ефектот кој сакате да го постигнете.
  • Доколку имате проблем со црвенилото на лицето, одлучете се за течна пудра која е специјално направена за оваа проблематика и ги прекрива црвенкастите предели и ја хидрира кожата.


Најпродавани течни пудри во нашите парфимерии:


Kryolan – Supracolor

Kryolan Supracolor
Пудра со голема, покривна структура.
Се препорачува за масен тип на кожа, но може да ја користат и луѓе со друг тип на кожа со добра подлога.
ПОКРИВНОСТ: 10/10



Artdeco – Liquid Camouflage Foundation

Artdeco Liquid Camouflage 60 - light vanilla
Пудра со голема, покривна структура.
Се препорачува за масен тип на кожа, но може да ја користат и луѓе со друг тип на кожа со добра подлога.
ПОКРИВНОСТ: 10/10



L’Oréal – Infallible 24h

Пудра со средно / голема покривна моќ.
Наменета за нормална и/или комбинирано – масна кожа. Со блага подлога се препорачува и за сува кожа.
ПОКРИВНОСТ: 7/10



Max Factor – Lasting Performance Foundation

Пудра со средно / голема покривна моќ.
Наменета за нормална и/или комбинирано – масна кожа. Со блага подлога се препорачува и за сува кожа.
ПОКРИВНОСТ: 7/10



L’Oréal – True Match

Пудра со средно покривна моќ.
Наменета за нормален кон сув тип на кожа
ПОКРИВНОСТ: 5/10



Bourjois – Healthy Mix Foundation

Пудра со средно покривна моќ.
Наменета за нормален кон сув тип на кожа
ПОКРИВНОСТ: 4/10



Artdeco – Rich Treatment Foundation

Пудра со средно покривна моќ.
Наменета за нормален кон сув тип на кожа
ПОКРИВНОСТ: 4/10