Бебе немало ниту еден посетител во болница 5 месеци: Медицинска сестра го посвоила

Медицинска сестра од Брајтон, Масачусетс, посвои предвремено родено бебе кое беше под грижа на болницата пет месеци, бидејќи никој не го посетувал. Џизел, сега има 2 години, и е светло во животот на Лиз Смит.

Како што е соопштено од Boston.com, Лиз Смит - тогашен директор во Францисканската детска болница во Брајтон, Масачусетс - одела кон лифтот на работа, кога забележала 8-месечно девојче со сини очи.
„Кој е овој прекрасен ангел?“ ја прашала медицинска сестра која го возела девојчето надолу во салата - се сеќава Лиз.
Џизел во Францисканската Детска болница била пет месеци, таа страдала од состојба во која новороденчињата мораат да се исчистат од одредени лекови на кои биле изложени пред раѓањето, како опиуми, хероин и сл.

Државата ја земала Џизел од нејзината мајка кога имала 3 месеци и ја префрлила во НИКУ во детската болница Францискан, затоа што на нејзините бели дробови им требало специјален третман.

На Џизел и требаше брзо згрижувачко семејство за да се врати на вистинскиот пат со нејзиниот развој, но за пет месеци што беше во болницата, ниту еден посетител не застана да го види девојчето. Социјални работници се обидоа, без успех, да ја стават во згрижувачка грижа - вели Лиз Смит.

Инаку Лиз некое време се обидувала да забремени самостојно, но не успевала, а открила и дека нема да може да се обиде со ин витро оплодување.
„Никогаш не замислував дека да станам мајка ќе биде таков предизвик“, рече таа, пренесува Boston.com. 
Но, кога ја видела Џизел, таа веднаш знаела дека сака да ја посвои. 

Под грижа на Смит, Џизел започна да напредува во развојот, до 15ти месец почнала да оди и знаела неколку зборови.

„Кога формално станав мајка на Џизел, навистина беше чувство што дури не можам да го опишам“, изјави таа за Бостон глобус. 

На Џизел сè уште и е потребна цевка за хранење, но таа јаде и секојдневно изгледа поздраво и поздраво.