Бебето пристигна, а јас не сум дома: Спенџарска стана тетка

Водителката на Канал 5 телевизија, Јелена Спенџарска стана тетка. Спенџарска, на својот Фејсбук профил објави дека жали што не е во родното Берово за да го прослави раѓањето на внуката. 

„Знаев, знаев, дека бебето ќе пристигне кога јас нема да бидам дома. Така и беше. Прв ден како тетка и моето срце и мисли се кај мојата сестра и кај нашата мала принцеза која ја добивме вчера во Берово. Едвај чекам да си одам. Ви благодарам на сите за честитките, сите да си дочекате ваква бесконечна радост“, напиша водителката.