БЕН АФЛЕК ВО ПРОБЛЕМИ: Мет Дејмон ја откажа главната улога во неговиот нов трилер?!
- Мет Дејмон се повлече од „Animals“ поради распоредот за снимање на друг филм
- Филмот ќе го дистрибуира Нетфликс.
Изгледа дека нема шанси за уште една филмска соработка меѓу Мет Дејмон и Бен Афлек. Ова сакано холивудско дуо требаше да соработува во трилерот „Animals“, кој го режира Бен Афлек, а Нетфликс го купи за дистрибуција.
Мет Дејмон беше избран за главната улога во филмот, но странските медиуми пишуваат дека тој морал да се откаже од трилерот поради друг филм.
Како што објави Variety, Дејмон мораше да се откаже од главната улога во Animals поради напорниот распоред со снимањето на претстојниот епски филм на Кристофер Нолан „Одисеја“.
Иако Дејмон нема да глуми во филмот, тој сепак останува вклучен како еден од продуцентите.
Што се однесува до главната улога, според последните информации, ликот ќе го толкува самиот Бен Афлек. Сценариото за филмот е напишано од Били Реј и Конор Мекинтајр. Остатокот од актерската екипа за „Animals“ ќе биде откриен наскоро.
Што се знае досега за трилерот?
Снимањето за трилерот „Animals“ треба да започне во Лос Анџелес овој април, пишува Variety, но засега не е познато кога филмот би можел да се појави на Нетфликс.
Она што е познато за филмот во овој момент е краток заплет на овој криминален трилер. За потсетување, заплетот е за кандидат за градоначалник и неговата сопруга, чиј син е киднапиран. Опкружен со бројни непријатели, политички и други, овој пар нема друг избор освен да ги извалка рацете и да направи се што може за да го спаси својот син.