Беше прогласена за топ модел во Европа, по секс скандал ја исфрлија од изборот за Мис на светот: Како денес изгледа една од најубавите жени од СФРЈ

Заработуваше до 3.000 долари неделно, а нејзиниот изглед примамуваше воздишки кај мажите

Поранешната манекенка Бернарда Маровт важеше за една од најубавите жени во Југославија во 80-тите години на минатиот век.

Мажите воздивнуваа по неа, а потоа таа имаше низа успеси во светот на моделингот.

Во 1982 година, таа беше фотографирана гола за тогашното списание „Start“, кое се продаде во неверојатни 350.000 примероци. Таа стана госпоѓица „Пентхаус“ пред да одлучи да се испроба на изборот за Мис на светот.

Истата година беше прогласена за Мис на Југославија во Загреб, а потоа ја заследи лоша среќа. Поради споменатите голи фотографии, таа беше дискредитирана на изборот за Мис на светот во Лондон.

Оваа убавица е прогласена за топ модел во Европа и Италија, а заработуваше дури 3.000 долари на ден.

View this post on Instagram

A post shared by Berniemodels (@berniemodels)



Денес има 58 години, живее на релација Словенија-Италија, а со изгледот се‘ уште го одзема здивот.


Фото: Youtube/screenshoot

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Најубавите заводнички во СФРЈ