Животна училница // Приказни
Бестрашна трудница во време на земјотреси и Ковид-19: Јелена Јованова се породи во Загреб
„Живи сме, тоа е најбитно. Штетата ќе се среди“, ни изјави актерката Јелена Јованова по силниот земјотрес кој во март го погоди Загреб. Јелена неколку години живее во Хрватска со сопругот Стјепан Периќ, кој е исто така актер.
Јованова, кај домашната публика популарна по улогата на рецепционерката Јелена од Драчево во серијата „Преспав“ ,токму во овие тешки месеци вешто криеше од очите на јавноста дека е бремена.
Овојпат нејзиниот колега од серијата Игор Џамбазов гордо откри дека „Јеца од Драчево стана мама“.
Јелена во време на коронавирус прати и апел до конфекциските газди, одобено до оние во нејзиниот роден град Штип. Честитки за нејзината бестрашност и за новиот член во семејството!