„Бев со Иванка Трамп, јас 73 години, таа 25 и добри нозе“! Квинси Џонс шокираше со признанието за аферата: Таа е риба и пол, а тато е катастрофа
Музичарот Квинси Џонс, кој не напушти на 91 година, во интервју откри дека е бил во врска со Иванка Трамп
Познатиот продуцент Квинси Џонс, кој вчера не напушти на 91-годишна возраст, пред неколку години изјави дека е во врска со 48 години помладата Иванка Трамп, ќерка на претседателскиот кандидат на американските избори, Доналд Трамп.
Во 2018 година, Квинси Џонс изјави за „Њујорк магазин“ дека се гледал со Иванка Трамп во 2006 година, кога тој имал 73, а таа 25. „Се забавував со Иванка Трамп“, рече тој, додавајќи дека Доналд Трамп е мегаломански нарцис.
Легендарниот продуцент тогаш раскажа дека во 2006 година неговата ќерка Кидада, поранешна манекенка, работела за модната куќа „Томи Хилфигер“ и дека и пренела порака од Иванка Трамп, која сакала да оди на вечера со Џонс.
„Реков: Нема проблем! Таа ги имаше најубавите нозе што некогаш сум ги видел. Сепак, таа има погрешен татко“, истакна тој.
Во времето на тоа интервју, ќерката на Доналд Трамп беше советник во Белата куќа, во администрацијата на нејзиниот татко, мажена за Џаред Кушнер, кој беше и советник на Трамп. Иванка го запознала својот сопруг во 2007 година, а се венчале во 2009 година. Имаат три деца Арабела, Џозеф и Теодор.