Бев среќна кога скафандерот ми ги криеше солзите во безнадежните моменти: Интервју со д-р Милена Стевановиќ

Добивај вести на Viber

Епидемиолошката состојба во Македонија полека се стабилизира. Дел од рестриктивните мерки се укинати, но здравствените власти постојано апелираат да останеме внимателни, претпазливи, бидејќи, како што велат во изминативе 15 месеци насекаде во светот се лекуваше само една патологија, корона вирусот, за кој науката вели дека е целосно непредвидлив. Дали навистина полека заминува Ковид-19, нема ли во наредниов период да бидеме сведоци на нов налет, на нов бран, ќе се испразнат ли и последните ковид-центри? Директорката на Клиниката за Инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ само пред неколку месеци за Фактор изјави дека искрено сака да стави „клуч“ на одделенијата за ковид-пациенти, а во денешното интервју, сепак посочува дека ниту во наредниов период не може да биде сигурна дека тоа ќе се случи. Среќна е, вели таа, што заштитната опрема, скафандерот не ретко им ги криел солзите од пациентите и од семејството во безнадежните ситуации.

Изминатиов период сведоци сме на голем пад на бројот на новозаразени со корона вирусот, а следствено на тоа секојдневно се намалува и бројот на пациенти кои бараат болничко лекување. Иако голем број ковид-центри ги затворија вратите, на Клиниката за инфективни болести бројот на хоспитализирани поради ковид компликации е 35, ќе се оствари ли вашата желба некаде во јули да се стави „клуч“ и на најголемиот ковид-центар во Македонија?

Д-р Стевановиќ: Верувам дека бројот на пациенти ќе биде мал, многу би сакала воопшто да немаме пациенти со Ковид-19 но, секако не можам да бидам сигурна дека тоа и ќе се случи.

Ковид компликациите постојано се менуваат, со што се соочувате сега на Клиниката за инфективни болести, кои се најчестите проблеми кои ги имаат вашите пациенти иако се малку на број?

Д-р Стевановиќ: Бројката на хоспитализирани болни е мала но, сè уште имаме сериозно тешки болни. Компликациите како и тежината на болните не се разликува од периодот кога беше и врвот на пандемијата, се работи за болни кои имаат сериозни потешкоитии со дишењето, компликации со бубрезите, срцето и секако со згрутчувањето на крвта. Имаме тешки по озрасни пациенти но, и пациенти кои се релативно млади.

Целото интервју читајте го на Фактор, тука.