Бевме другари седум години, ме побара за жена по 40 дена: Тамара и Мачка слават 7 години брак
Пејачката Тамара Тодевска на својот профил на Инстаграм се пофали дека со сопругот Александар прославуваат седум години во брак.
„Мачка ме познава подобро отколку што и јас самата се познавам. Тој е многу повеќе од мој животен партнер. Мачка е човек што секогаш знае да ги каже вистинките зборови. Знае да ме пофали но и искритикува. Да се радува на моите успеси но и да биде мое рамо за плачење. Ние сме тим што верува дури и во невозможното“, изјави своевремено за Женски Магазин, мајката на Хана и на Дарен.
Тамара тогаш се потсети на почетокот на љубовта со својот сопруг.
„ Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов. Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг. С ѐ во животот си оди по план и знам дека нашата љубов се роди токму тогаш кога требала да се роди. Тој ме запроси само четирисет дена откако станавме пар“, вели Тамара и се сеќава на оригиналното сценарио кое го смислил Александар.
„ Мајката и таткото на Мачка дојдоа од Скопје за да се запознаеме, тие живеат во Гевгелија. Се договоривме да им го отстапиме станот да преспијат, за да не одат тие во хотел, ние отидовме да преспиеме во хотел. А тие сѐ си испланирале, целата свршувачка без јас да знам. Утредента кога се разбудивме, Мачка нарачал појадок во соба и ме викна да појадуваме заедно. Дојди љубави да јадеме- се убедувавме некое време зашто јас не бев гладна. Си го земав цедениот портокал и си се вратив во кревет, хахаха. Тука дополнително несакајќи ја одложив целата работа. Целата храна беше отворена, само едно јадење затворено со капак. И јас како за беља почнав да јадам од сѐ по малку, само тоа што беше затворено не го отворив. Мачка се чудеше како не сум љубопитна да видам што има таму. На крајот, ме убеди да откријам што има во капакот, а таму беше прстенот “, ни раскажа Тамара која на своето семејство му ја посвети песната „Довидување таго“.
На свршувачката, која тајно ја организирал Александар, а се одржа во еден скопски ресторан беа сите нивни пријатели, а сестрата на Тамара, Тијана Дапчевиќ дојде од Белград специјално за овој повод. Во јуни во 2015 година, Тамара и Мачка направија весела свадба на која запејаа многу од нејзините пријатели и колеги.
Повеќе фотографии од свадбата: