Актуелно // Insta вести
Без филтри и фотошоп: Тијана Дапчевиќ воодушеви со природниот изглед (ФОТО)
Таа не сака да користи фотошоп како некои нејзини колешки.
Пејачката Тијана Дапчевиќ реши да ја искористи претсезоната и да отпатува во Египет со синот Вук.
Оттаму таа секојдневно со своите следбеници споделува божествени сцени од Хургада, а потоа реши да се покаже на јавноста токму онаква каква што е. Тијана позираше во костим за капење, а потоа имаше бројни коментари кои го пофалија нејзиниот природен изглед.
„Браво за живот без филтри и фотошоп“, „Тијана царице“,
„Убава си“, се само дел од коментарите под фотографијата.
Да потсетиме, Тијана е во брак со сопругот Милан повеќе од 20 години, а тие две децении доживеаја разни турбуленции.
Фото: Инстаграм