Без изгладнување: Диетата со која Лејди Гага ја доведе својата линија до совршенство

Добивај вести на Viber

Јануари е актуелен месец за теми како што се диета, нова линија, подобро здравје и се она што произлегува од прејадувањето по празниците.

Затоа за денес ја имаме диетата на познатата светска ѕвезда Лејди Гага. Таа не се двои од својот личен тренер Харли Пастернак, кој ја доведе нејзината линија до совршенство.

Тој за неа осмисли план на исхрана кој лесно се вклопува во секојдневниот стил на живот. 

Станува збор за неговата 5-факторска диета, до која 32-годишната пејачка се држи без никаква мака.

Идејата е поединецот да јаде 5 оброка во денот, секој сочинет од 5 состојки, како и подготовката на секоја од состојките да не одземе повеќе од 5 минути време.

Секој оброк мора да содржи 5 групи намирници: протеини (јајце,риба и бело месо), сложени јаглехидрати (овошје, сладок компир),  многу влакна (житарици од цело зрно и зеленчук), како и доста додтани масти без шеќери.

Како што е забележува, оваа диета не е воопшто ригорозна и со малку вежбање за подобро функционирање на организмот, кое не мора да биде долготрајно ни напорно, а ни секој ден, ќе стигнете до посакуваната линија.

А како и секој обичен човек и Гага знае понекогаш да си дозволи малку нездрава храна како хамбургер и компирчиња, а исто така измеѓу оброците е дозволено да се јадат здрави грицки- бадеми, ореви и кикиритки, а истотака и сите видови на овошје се добредојдени.