Би ги носеле или ќе се згрозите од нив: Фармерките на Викторија Бекам го поделија модниот свет
За или против: Фармерките на Викторија Бекам го поделија модниот свет
Гламурозни 70-ти или за во канта: Фармерките на Викторија Бекам го поделија модниот свет
Иако официјално зимата сè уште не е започната, некои модни креатори веќе презентираат колекции за пролет, а една од нив е Викторија Бекам.
Г-ѓа Бекам ја претстави својата колекција за пролет 2021 година, а за неа напиша на својот профил на Инстаграм дека е колекција „полна со дух, текстура, забава и посветена на гламурозните седумдесетти“.
Таа исто така претстави интересни фармерки со трапез крој, кои се нејзин личен фаворит од новата колекција. Станува збор за модел со висок струк и специфични џебови, а се инспирација од модата од седумдесеттите години. Инаку, како што се наведува, нивната цена е околу 30 илјади денари.
Сепак се покажа дека следбениците не се многу воодушевени од овој модел на фармерки, а ни нивната цена. Фармерките дефинитивно го поделија модниот свет.
Што мислите вие за овој модел?
Би ги носеле или не?
фотографии: Profimediaизвор: glossy.espreso.rs