Бидете победник во трката со времето!
Ако имате избор во секојдневната трка со времето да добиете една патека помалку, што ќе одберете? Трката со сигурност ја добивате со голема заштеда на време доколку сте или станете корисник на најсовремените дигитални банкарски услуги.
Дигиталното банкарство е вашиот моќен и сигурен сојузник кој се грижи вашите секојдневни банкарски трансакции да ги вршите кога сакате и од каде сакате. Независно дали сте дома, во канцеларија, на плажа или на планина, вие имате пристап на вашите сметки и целосна контрола на вашите финансиски обврски. Тоа ви штеди не само време, туку и стрес, но и пари затоа што дигиталните банкарски трансакции се и до 80% поевтини од шалтерските трансакции.
Сето ова и уште повеќе ви овозможува дигиталното банкарство на Комерцијална банка, достапно преку Интернет банката, мБанка, KomPay, електронска идентификација преку OneID. Доколку сте корисник на дигиталното банкарство на Комерцијална банка, вие веќе имате сѐ што ви е потребно за да уживате во привилегиите на дигиталниот свет.
Дигиталните услуги и апликации го доближуваат финансискиот свет до вашите специфични желби и потреби, ги прават вашите дневни банкарски трансакции едноставни, брзи, лесни и безбедни и им додаваат вредност на сите ваши паметни уреди што ве опкружуваат.
Вашите лични финансии се ефикасни и одговорни:
· Во секое време знаете со колку пари располагате на вашата платежна сметка, дали пристигнале парите што ги чекате од странство, колку пари сте заштедиле овој месец...
· Вашите сметки за јавни услуги се платени навреме и без потрошено време на шалтер, а планираната заштеда со еден клик ја додадовте на вашиот Паричен депозит.
· Следниот викенд патувате во странство, ама тоа не е проблем бидејќи и од далечина можете да ја платите фактурата за екскурзијата на вашето дете и да му префрлите пари од вашата на неговата картичка за да има и за трошење.
Вашиот паметен телефон е навистина паметен:
· Со бесплатната мобилна апликација KomPayстанува замена за вашите Mastercard картички од Комерцијална банка и со мобилниот телефон може да плаќате на ПОС-терминали низ целиот свет.
· Преку мобилната апликација мБанка имате постојан увид во состојбата на вашите сметки, вршите плаќања и пренос на пари, онлајн аплицирате за потрошувачки кредит, менувате дневни и периодични лимити за картичките...
· Преку мобилниот телефон пристапувате до вашиот електронски идентитет OneID, кој пакви овозможува пристап до бројни производи и услуги на Банката без посета на шалтер.
Вашиот микро свет доби свет на неограничени можности:
· Електронската идентификација преку OneIDзначи можност за вршење различни банкарски трансакции од далечина, како на пример ажурирање лични податоци, активирање Интернет банка, а наскоро и отворање платежна сметка и аплицирање за кредит.
· Безбедноста на трансакциите е на највиско ниво со биометриска автентификација за пристап до мБанка или до вашиот електронски идентитет.
· Веќе не мора да ја контактирате банката доколку ја изгубите или ви е украдена вашата картичка. Се еден клик во Интернет банка можете веднаш да ја блокирате или преку мБанка да ги подесите дневните лимити на нула, а потоа преку веб-страната на банката да аплицирате за нова картичка.
Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Тоа всушност нуди можности кои ги следат токму вашите желби и потреби.