Биди моќен и впечатлив Boss маж оваа есен!

Добивај вести на Viber

Летната еуфорија сè уште трае, но брендот Boss веќе се погрижи да им даде до знаење на мажите како да бидат дотерани во месеците што ни претстојат и комплетно да го пренасочи вниманието на модните уживачи.

Нивното мото #beyourownboss е се' уште актуелно и ги охрабрува мажите да бидат свои и да се одлучат за храбри и секогаш стилски комбинации.

А модните комбинации кои тие ги препорачуваат за следната сезона се моќни и впечатливи, без разлика на пригодата.

Минимализмот повторно е централен, ја има дозата на строго германско потекло кое е во нивната модна ДНК, но истовремено порачуваат дека ниту овојпат не ја забораваат лежерноста и удобноста која во последните години е примат.

Дуксери и маици со логото на брендот се нешто што веќе e класика и што секој маж треба да го поседува ако сака да биде дел од тимот на Boss!

Генерално, дуксерите во себе го имаат спојот на она што можеби во модниот свет не постои како термин, но како естетика да - спортска елеганција! Но, овој бренд, не можеме да го замислиме без совршените костими, па и за оваа есен оттаму препорачуваат неколку модели од строг до лежерен крој, од работна до вечерна варијанта, за во секој момент да се искаже мажественоста.

Есенската колекција вклучува и кожни јакни, бомбер модели, „шушкавци“, но и мантили, лежерни, елегантни капути…

И секако, не забораваме на додатоците за приказната комплетно да биде Boss - од внимателно дизајнирани чорапи и долна облека, преку ремени, до капи, чанти и обувки - заокружи ја оваа модна приказна како што ти посакуваш!

Ако судиме по естетиката за оваа есен, ќе биде вистински предизвик и за жените да оддолеат на Boss шармот!

Новата колекција е веќе во продавниците на брендот, а неодоливата понуда која е љубов на прв поглед можете да ја разгледате и на www.fashiongroup.com.mk.

ПР објава