БИСЕРА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Бисера е женско име со арапско потекло. Значењето на името потекнува од арапскиот збор „бисер“. 

Според православниот календар името е со словенско потекло, а неговото значење го носи самото по себе: бисер, скапоценост.

Бидејќи името има исто значење, за небесен заштитник може да се смета Маргарита ( Великомаченичка Марина).

Нумеролошката вредност за името е 5. Личностите со име Бисера се комуникативни, пријателски расположени, живи и омилени во друштвото. Тие материјалната удобност ја земаат здраво за готово, а удобниот живот е императив за нив. Тие лесно учат и се образуваат и не можат да го замислат животот без активен, социјален ангажман.