(ФОТО) Благодарам што искрено ме критикувате: Елена Стефановска во новогодишно руво ја испраќа 2020 година

Добивај вести на Viber

Водителката и авторка на емисијата „Живот со стил, Елена Стефановска е препознатлива по својот изграден моден стил.

Овојпат како за крај на оваа година таа реши да направи празнична фотосесија, облечена во сензуален црвен фустан. Под фотографиите напиша неколку зборови за изминатата година, но и си кажа што си посакува за наредната која доаѓа.

- Да го живееме моментот. Оваа прилика наздравувам за десеттата сезона на мојата авторска емисија “Живот со стил”.  Оваа 2020 имав многу планови заеднички да го прославиме мојот јубилеј во медиумскиот простор. Ама, во следна прилика.. само да сме живи и здрави .Ви благодарам прекрасни луѓе што ме инспирирате, поддржувате и искрено ме критикувате- се изјсани водителката.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Stefanovska  (@elena_zivotsostil)


За неа 2020 беше посебно убава година, и на професионален, но и на приватен план каде уживаше со партнерот Бојан Најдоски.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Stefanovska (@elena_zivotsostil)


- Секој од нас има многу желби. Најчесто си ги кажуваме за Нова година. 
Мојата најголема желба во Новата 2021 година е да биде “ОЗДРАВЕНА”, СРЕЌНА и БЕРИКЕТНА.
2020, многу учевме и научивме од тебе и затоа сакам уште отсега, во овој момент, да те испратам вака, НОВОГОДИШНО - додава Стефановска.