(ФОТО) Елена Стефановска со момчето ужива на одмор во Хрватска

Добивај вести на Viber

Водителката Елена Стефановска е во среќна врска со партнерот Бојан Најдоски. Авторката на емисијата „Живот со стил“ не сака да открива многу детали за љубовната приказна со Бојан.

Во моментов двојката ужива во убавините на Хрватска. Тие посетија неколку прекрасни места за кои сведочат следниве фотографии.

Елена ја обожава Хрватска, особено поради фактот што таму живее нејзината сестра со внуките.

Кога ја објави врската јавно, во куса изјава за Женски магазин, таа рече дека фотографиите кажуваат сѐ. 

 „Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Сликите кажуваат сѐ. Ова е мое прво јавно откривање на фотографии со дечкото. И доволно е...“, ни изјави Елена за Бојан кој е сопственик на познат кафе-бар во Скопје.