(ФОТО) Многу сме среќни: Елена Стефановска го покажа дечкото
Водителката Елена Стефановска со емотивна објава на својот Истаграм профил, му посака среќен роденден на својот партнер, Бојан Најдоски. Авторката на емисијата „Живот со стил“ која секогаш го чува приватниот живот подалеку од јавноста, за прв пат објави фотографии со партнерот.
„Среќен роденден на една специјална личност која му носи радост на моето срце. Благодарна сум за секој момент кој го поминуваме заедно, и посакувам нашата среќа никогаш да не заврши“, напиша Елена.
Атрактивната водителка не сакаше да открива многу детали за љубовната приказна со Бојан. Во куса изјава за Женски магазин, таа рече дека фотографиите кажуваат сѐ.
„Многу сме среќни. Не сакам сега за сега да откривам детали. Сликите кажуваат сѐ. Ова е мое прво јавно откривање на фотографии со дечкото. И доволно е...“, ни изјави Елена за Бојан кој е сопственик на познат кафе-бар во Скопје.
Во претходно интервју за Женски магазин, таа раскажа дека сака маж со традиционални вредности.
„ Жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената. Но, ако треба да издвојам некоја особина тоа треба да биде човек со традиционални вредности“, изјави Стефановска.
За своите внуки, Елена додаде дека ѝ будат мајчински чувства.
„Морам да се пофалам дека сум горда тетка на две прекрасни девојчиња Лара и Дора. Тие моментално се мојот свет. Би сакала да ја искусам и другата страна од животот, секако дека би сакала да се реализирам во улога на мајка која сметам дека е најважната улога на секоја жена. Ако веќе ме прашувате си посакувам најмалку две деца, бидејќи се вистинско богатство“.
М.Џ