Благоја Грујовски како паша: Го покажа харемот со најзгодните македонски дами

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачот Благоја Грујовски во друштво на своите колешки изгледа како вистински паша со неговиот харем.

Тој објави фотографија од „тезгда“ во Пробиштип, заедно со пејачките Елена Велевска, Адријана Ацевска, Сања Цинцева – Барби и водителката Ирена Спировска.

На вчерашниот празник Успение на Пресвета Богородица фолк пејачите ги забавуваа граѓаните на Пробиштип.

Фолк пејачот Благоја Грујовски повторно ќе настапува со придружба на бенд. Тој ја најави соработката со маестро Јане Рафаиловски со кого соработува 15 години.

-Во неговиот бенд се извонредни професионалци- Нико Сребров, Тимко Чичаковски и Дамјан Василевски. Деновиве го снимивме и првиот проект, музички коктел во кој учествуваат и нашите добри пријатели со кои исто така имаме долгогодишна соработка, фолк дивата Сузана Гавазова и популарниот Боби Павловски. Со Јане соработуваме долго време, петнаесетина години. Тој е автор на повеќе мои песни како „Ој невесте,„ Моја река“ и други – открива пејачот и дополнува дека се и приватно се блиски.

Фото: Инстаграм/ Фејсбук
РЖМ

Благоја Грујовски по долг период не е веќе сам