Близанците на водителот Ненад слават роденден: Ни летна времето со Љупка и Иво
Љупка и Иво, близнаците на водителот Ненад Георгиевски денеска полнат три години. Ненад и неговата сопруга Горана велат дека времето со синот и со ќерката им летнало, и како вчера да славеле за нивното раѓање.
„ Сега, откако пораснаа, мислам дека е некако полесно. Подобро комуницираме. Веќе знаат да кажат што сакаат. Се трудиме секој момент да го поминеме надвор од дома, на чист воздух. Така е полесно за нас , а и поинтерсно за нив“, ни раскажа Ненад за близнаците кои многу наликуваат на него. Ненад и сопругата се трудат рационално да ги поделат домашните обврски и грижата околу близнаците, со оглед дека се и партнери во работата, во заедничката продукција „Хит медиа“.
Роденденот, Иво и Љупка ќе го прослават со своите врсници од градинка и со блиските, во игротека.
„ Со оглед на тоа дека на малите деца им е потребна рутина, а особено што со близнаци по дома тоа е неопхоно, се трудиме секојдневно да се придржуваме на истата. Во 7 часот сме сите на нозе без оглед дали е работен ден или викенд. Градинка, прошетка доколку временските прилики и воздухот надвор го дозволуваат тоа, и многу играње во нашиот дом. Кога сакаме спортуваме а кога сме мрзеливи имаме креативни минути во цртање или со пластелин. Каде и да сме што и да правиме во 20 часот сме дома во кревет“, низ насмевка вели Ненад. Водителот открива дека од секогаш им се восхитувал на родителите на близнаци и сакал да биде како нив.