Бочварски славеа прв роденден и кршевка на ќеркичката: Копија на тато или на мама е малата Бјанка?

Добивај вести на Viber

На 8 август во домот на семејството Бочварски имаше повод за слава.

Имено, првата нивна радост, ќерката Бјанка имаше роденден, а на истиот ден правеле и кршевка.

Овие вести преку социјалните мрежи ги сподели пратеникот Благој Бочварски.

Бочварски објави низа фотографии со неговата сопруга Маринела на кои се гледа и малата Бјанка.


Под фотографиите се редеа честитките за малата Бјанка која засега наликува и на двајцата родители.


ФОТО: Социјални мрежи официјален профил Благој Бочварски