Богат и емотивен концерт на „Танец“ и Влатко Стефановски (ГАЛЕРИЈА)

Добивај вести на Viber

Националниот ансамбл „Танец“ е нашето богатсво, а тоа се докажа уште еднаш по концертот кој го одржаа во Националната опера и балет. Убавината беше во тоа што ансамблот беше засилен со гитарата на Влатко Стефановски. 

Моќта да ја донесат едниствената „Зајди зајди“, на толку уникатен начин, испеана од солистка на „Танец“ им успеа на врвните музичари на сцената, а публиката тоа го награди со силен аплауз. За „ежеење“ беше и убавата „Елено ќерко“, но и „Јано мори“. Концертот траеше повеќе од еден час, а како да помина за неколку минути.


Влатко и колегите на сцената виртузоно го отсвиреа и „Пајдушко“ оро, што на концертот му даде една весела нота, но и „Калајџиско“, „Касапско“, “Пелистерско“... Во еден сегмент од настанот конецрот го збогатија и играорците на „Танец“. 

Штета што протоколите за заштита од Ковид-19 не дозволуваат капацитетот на салата да се наполни до крај, зашто сигурно ќе беше полна. Овој богат концерт се одржа како отварање на настанот „Есенски музички свечености 2021“. Уште пред концертот, Влатко беше најавен како стар пријател на „Танец“ кој повеќе пати има настапувано со нив, а нивното пријателество и меракот што настапија заедно го препозна публиката.


Годинашното издание на „Есенски музички свечености“ ќе понуди 13 програмски термини, најмногу од областа на класичната музика, но и две промоции на книги, кои се исто така поврзани со музиката.

М.Џаровска

Фото: В.Тануровски