Богдана Ражнатовиќ проговори за љубовта со боксерот: Го одбив Вељко, но тој беше упорен!

Добивај вести на Viber

Богдана Ражнатовиќ вели дека го одбила сопругот Вељко кога првпат ѝ пријдел и почнал да флертува со неа.

Снаата на Цеце Ражнатовиќ не сакала ништо со младиот боксер, бидејќи тој во јавноста беше окарактеризиран како женкар.

„Вељко е внимателен, нежен и полн со љубов и разбирање. Ништо не ми пречи кај него!“, вели Богдана Ражнатовиќ

- Нашата средба започна кога го одбив, бидејќи знаев каков беше пред мене. Но, тоа само го натера да ме сака уште повеќе. На крајот толку многу се заљубивме и создадовме семејство, што е голем благослов за нас - вели Богдана на почетокот на разговорот.

Иако Вељко, кој е професионален боксер, изгледа како вистински мачо човек од Балканот, Ражнатовиќ вели дека приватно е сосема поинаков.

- Вељко е внимателен, нежен и полн со љубов и разбирање. Ништо не ми пречи кај него. Напротив, маж ми го сакам најмногу на свет. Среќна сум што живееме мирен живот и што се исполнив како сопруга и мајка.

Богдана пред две години го роди нивниот син Жељко.

- Физички е ист како татко му, но е тврдоглав како мене - вели Богдана, која во април ќе роди уште еден син.

- Со нетрпение го очекувам бебето и дека Жељко ќе добие братче. Втората бременост ми е полесна, за разлика од првата, бидејќи сум добро информирана за се‘ што ме очекува. Но, второто бебе е понемирно од Жељко - вели поранешната кошаркарка.

Богдана вели дека не сака да се појавува во медиумите.

- Не сакам да ме снимаат пред камери, бидејќи не сум пораснала во таква средина. Тоа е нешто ново за мене. Немам искуство во тоа - вели Богдана.

Таа со години настапуваше за српската репрезентација каде постигна неверојатни успеси. Но, поради повреди, таа мораше да го напушти спортот што толку многу го сакаше.

- Кошарката ме научи многу и ми донесе убави работи. Горда сум на она што го постигнав со тимот, но и самостојно како дел од репрезентацијата. Но, поради две сериозни повреди, морав да престанам да се занимавам професионално со овој спорт. Кошарката повеќе не ми недостига, бидејќи водам поинаков начин на живот, во кој се пронајдов - заклучува Богдана.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot

Цеца ќе стане баба по вторпат: Вељко и Богдана го очекуваат второто дете - го открија и полот (ВИДЕО)