Бојана Скендеровски: Бев преплашена, ама на крајот победив
Дојдете заедно да пееме и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас. Со оваа порака новинарката Александра Тимковска го најави концертот „Македонијо во срце те носиме“ и ги повикаа љубителите на македонската песна да присуствуваат на на последниот завршен концерт кој ќе се одржи на 7 декември во Големата сала на Филхармонија.
На денешната прес конференција Бојана Скендеровски, идеен творец и една од изведувачите истакна дека концертот е огромна победа и круна на проектот.
-Од моментот кога ми се роди идејата да се создаде, горда сум не само на себе туку и на останатите учесници и на сите кои не поддржаа. Од денешна дистанца кога ќе се сетам на првата прес конференција кога го најавивме проектот пред година и пол бев преплашена. Не се сомневав во целиот тим, туку во фактот колку нашиот народ ја сака македонската музика. Се уверивме дека не само што ја сака туку е и желна за македонската песна – ни изјави Бојана.
На репертоарот ќе се најдат сите 12 песни од проектот – „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“… и, секако, химната на овој крај „Ми заплакало село Ваташа“…, а публиката ќе ги види и чуе Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски. Ќе бидат изведени и три нови песни.
„Македонијо во срце те носиме“ е проект со потписот на “Скендеровски продукција”, а аранжманот на сите 12 песни е на маестро Николче Мицевски.
- Пејачите на сцената ќе бидат придружувани од симфониски оркестрар од 50 музичари. За тој дел ќе биде задолжен Николче Мицевски. Сакам да се заблагодарам на министерот за култура Зоран Љутков кој ни ја обезбеди салата без надоместок. Сите средства од продажбата на билети ќе ги бидат наменети за хуманитарни цели – појсани Скендеровски.
Македонските изведувачи учесници во проектот горди се што уште еднаш ги потсетија младите на музичкиот аманет, кои биле присутни на нивните концерти во голем број . Посакаа во иднина да има уште вакви проекти со кои ќе се слави македонската песна.
·Караванот „Македонијо во срце те носиме“ досега посети 19 града.
С.А.Н