Болеста го следела од мали нозе: Почина внукот на Боб Марли на 32 години

Добивај вести на Viber

Тажна вест доаѓа од Америка, каде еден од внуците на познатиот реге уметник го поминал најголемиот дел од својот живот

Џозеф Мерс Марли, најстариот син на Стивен Марли и внук на легендарниот Боб Марли, почина на 32-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.

Според информациите на Тидал, младиот музичар бил пронајден без свест во возило во САД во вторникот.

Причината за неговата смрт сѐ уште не е официјално објавена, но станицата WZPP од Флорида објави дека Џо Марли наводно починал по напад на астма, од кој страдал уште од дете.

Џозеф Мерс Марли е роден во Јамајка во 1992 година, а се преселил во Мајами на 11-годишна возраст. Тој израснал во музичка средина и познато музичко семејство, а на многу млада возраст имал можност да настапува со својот татко Стивен и чичко Зиги.

Во средно училиште почнал да создава своја музика, а прва песна му била „Мојата девојка“ која ја снимил со Даниел Бамбата во 2010 година. Четири години подоцна го издаде својот прв албум Comfortable, додека во 2016 година му се придружи на својот татко со албумот Revelation Part 2: The Fruit of Life.

Во текот на својата кариера имал можност да соработува со истакнати реге и денсхол артисти.

Во интервјуто што го дал во една прилика за Ролинг Стоун, Марли сподели дека смета оти е магично што ја имал привилегијата да расте во музичко семејство.

- Беше магично да се видат тие луѓе како доаѓаат во куќата и се гледа како се одвива целиот процес - изјави Џо. - Ќе дојдев дома и ќе се обидов да си ја завршам домашната задача, но на крајот одев во студио да ѕирнам. Секогаш би сакале да влезете и да видите што се случува.

Сепак, без оглед на тоа што го носи неговото презиме, Џо Марли беше категоричен да го крои својот пат.

- Припадник сум на новата генерација на Марли, но се уште експериментирам - рече тој. - Мојот план е да направам нешто ново со моите корени.