Болката не се намалува, фалиш тато: Лила емотивно се присети на покојниот татко
Со емотивна порака на својот Фејсбук профил, Лила Стојановска денеска се присети на својот татко кој почина во 2014 година од рак.
„Фалиш тато“, напиша Лила споделувајќи фотографија на која пишува„ Човек што има изгубено човека, знае за големината на вашата болка“.
„Сè се случуваше неочекувано брзо. Кога го изгубивме ми требаше време да се соземам. Времето поминува, но болката не се намалува. Татко ми секогаш нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот“, раскажа популарната водителка за „Женски магазин“ претходно.
„Беше горд што сум факултетски образована и што си го остварив сонот. Беше моја ѕвезда водилка, човек за пример, столбот во семејството“, рече Лила која за „Женски Магазин“ одлучи првпат јавно да проговори за смртта на таткото Милан.
Болеста му била доцна дијагностицирана во поодмината фаза, иако бил дисциплиниран пациент кој редовно одел на лекар. Функционирале како најдобри другари, најмногу им се радувала на заедничките прошетки, бил остар и директен, но секогаш реален.
„Татко ми беше среќен кога обожавателите ќе ме застанат на улица да ме гушнат и да се сликаат. Тој беше онаа машка фигура која одигра важна улога во растењето на син ми Филип. Имаше огромно влијание во тој дел, за многу мои ситуации имаше разбирање и решение“, додаде Лила.