Бомба: Карлеуша го „изгоре“ Инстаграм во никогаш пократок фустан (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша (42) во минијатурен фустан, како дива жена, воодушеви многу припадници на посилниот пол, кои поради изгледот „заборавија да дишат“ за момент.

По снимките во танга гаќи, многумина помислија дека нема повеќе, но Јелена облечена во фустан со леопард принт грми како изгледа, а многумина сметаат дека и да стави јакна - нејзиното тело повторно би било бомбастично.


Карлеуша позираше во никогаш пократок фустан со леопард принт, а деколтето е толку длабоко што сè во таа област „пука“. Заедно со провокативни фотографии, пејачката изјави дека е дива жена.

- Дива жена. Зборувај со неа гласно. Жестоко оди по нејзиниот пат. Разговарај со благодат и достоинство. Танцувај во ритамот на сопствениот тапан ... - напиша пејачката.

„Ги убива хејтерите со овој изглед“, „Дива мачка“, „Грмиш колку добро изгледаш“, „Изгледаш како Барби“, „Немаш конкуренција“, „Ти навистина го имаш најдобриот стил“, се само дел од коментарите под фотографиите.